Гостивар
град во Општина Гостивар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Гостивар — град во западна Македонија во јужниот дел на Полошката Котлина. Гостивар е средиште на истоимената општина која зафаќа површина од околу 650 км2. Градот претставува административна, политичка, деловна и културна средина за околу осумдесетина илјади жители, од кои во самото градско јадро според пописот од 2002 година живеат речиси 36.000 жители, а според Пописот од 2021, 32.814 жители.
Кратки факти Гостивар, Држава ...
Гостивар | |||
---|---|---|---|
Град | |||
Поглед кон центарот на Гостивар | |||
Местоположба на Гостивар во Македонија | |||
Координати: 41°48′00″N 20°55′00″E | |||
Држава | Република Македонија | ||
Регион | Полошки Регион | ||
Општина | Општина Гостивар | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Арбен Таравари (АА) | ||
Надм. вис. | &10000000000000510000000510 м | ||
Население (2021) | |||
• Вкупно | 32,814 | ||
Демоним | Гостиварци (мн.) | ||
Часовен појас | UTC+1 | ||
• Лете (ЛСВ) | UTC+2 (UTC) | ||
Повик. бр. | +389 042 | ||
Рег. таб. | GV | ||
Мреж. место | www.gostivari.gov.mk |
Затвори
Градот претставува типична мултикултурна средина, во која живеат скоро сите националности во Македонија (Македонци, Албанци, Турци, Роми и други).