Димитар Влахов
македонски, отомански и југословенски политичар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Димитар Влахов (Кукуш, 8 ноември 1878 - Белград, 7 април 1953) — македонски револуционер, општественик и државник. Бил деец на Македонската револуционерна организација, Народната федеративна партија, Солунската социјалистичка федерација, ВМРО (Автономистичка), ВМРО (Обединета), Бугарската комунистичка партија, Комитерната и Комунистичката партија на Југославија.