Хан (династија)
кинеска династија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Династијата Хан (206 п.н.е. — 220 н.е.) се појавила по династијата Цин, а пред трите кралства во Кина. Династијата Хан е предводена од истакната фамилија позната како клан Лиу. Династијата Хан владеела 400 години, што се смета за еден од најдолгите периоди во историјата на Кина.[1] До ден денес, најголем дел од жителите на Кина се определуваат како „Хански народ“.
За време на владеењето на династијата Хан, Кина официјално станала конфуцијанска држава и напредувала во земјоделството, занаетчиството и трговијата, а населението достигнало преку 55 милиони луѓе. Во меѓувреме , царството ја проширило својата политичка и кинеска култура и територија до Кореја, Монголија, Виетнам , и средна Азија пред конечно да се распадне со комбинација на домашен и надворешен притисок. Исто така, имале воена предстража во некои од тие подрачја, вклучувајќи ги и централна Азија, Монголија, и Персија.
Династијата Хан претставува златен век во кинаеската уметност, политика и технологија. Со моќност и големина била околу 100 година рамна со Римското Царство.