Европско првенство во атлетика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Европското првенство во атлетика е натпреварување организирано од страна на Европската Атлетска Федерација. До 2010 се одржувало традиционално на секои четири години, но од 2010 се одржува на секои две години. Кога првенството се одржува во иста година со Летните Олимпикски Игри, не се одржуваат маратонските трки и трките во брзо одење.