Енергија
физичка величина што претставува работоспособност / From Wikipedia, the free encyclopedia
Енергијата е фундаментална величина што секој физички систем го поседува. Таа овозможува да се предвиди колку работа системот може да заврши или колку топлина може да размени. Енергијата претставува способност на телото да врши работа. Енергијата ја покажува состојбата на телото. Енергијата се мери со иста единица (џул) како и работата. Единица-мерка на енергијата е Еден џул што се дефинира како работата што ја извршува сила од еден њутн на растојание од еден метар.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |