Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид
музеј во Охрид, Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид својата дејност ја започна во средината на XX век. Имено, на 1 мај 1951 г. бил отворен Народниот музеј во познатата Куќа на Робевци, а во 1953 г. во составот на Народниот музеj влегла и Уметничката галериjа. Архивот на Охрид, во прво време, исто така, работел во неговиот состав сè до 1954 г. Во 1962 г. во Охрид се формира Општинскиот завод за заштита на спомениците на културата, а во 1973 г. се интегрираат двете институции во една која до денес го носи името Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј-Охрид. Денес управата на заводот се наоѓа во зградата на некогашното Работничко училиште.