Торта Захер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Торта Захер (на германски: Sachertorte[1]) е чоколадна торта, која е направена според рецептот на Франц Захер во 1832 година за Клеменс Вензел вон Метерних во Виена, Австрија.[2] Тоа е едно од најпознатите кулинарски специјалитети на Виена. Тортата Захер според оригиналниот рецепт се прави само во Виена и Салцбург, додека на другите места е доставувана. Единствено место каде што оригиналната Захер торта може да се најде надвор од Австрија е во продавницата Захер во Боцен, Италија.