Население
единки што живеат во заедница или на дадено подрачје / From Wikipedia, the free encyclopedia
Население во биологијата се подразбира група на единки од ист вид, кои населуваат одреден простор и кои можат меѓусебно да се размножуваат и да даваат потомство.
Во природата многу ретко можат да се најдат единки кои целиот свој живот го поминуваат одвоено. Единките кои живеат на едно исто подрачје воспоставуваат меѓусебни односи, како и односи со животната средина. На овој начин тие градат систем кој се нарекува население (во биологијата наречено и „популација“). Сите биолошки видови во природата постојат во облик на населенија, при што секој вид е претставен со одреден број во самото население. На пример, население сочинуваат сите глуварчиња на една ливада, диви свињи во една шума, како и лилјаците во една пештера.