Нов завет
втор дел од Библијата / From Wikipedia, the free encyclopedia
Нов завет — вториот дел на Библијата (по Стариот завет) и содржи 27 книги, кои се делат на шест основни дела: евангелија (Матеј, Марко, Лука, Јован), почетоци на христијанската црква (Дела Ап.), писма до конкретни цркви (од Рим. до 2 Сол.), пасторални писма (од 1 Тим. до Евр.), соборни писма (од Јаков до Јуда) и пророчка книга (Откровение). Новиoт завет е напишан на старогрчки јазик (коине).