Нумизматички музеј на Народна банка на Република Македонија
музеј во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Нумизматички музеј на Народната банка — музеј во зградата на Народната банка на Република Македонија во кој се изложени монети од најразлични периоди на македонската историја. Следејки ги светските трендови во врска со улогата која ја имаат централните банки во грижата за сопственото културно наследство во 1999 г. НБРМ меѓу своите функции приклучи уште една, откуп на стари и ретки пари од тлото на Македонија. Влегувајќи во ова поле на музејска дејност, НБРМ денес претставува еден од столбовите во заштитата на движното културно наследство, при што покрај професионалниот третман на нумизматичкиот материал, направен е обид да се спречи одлевање на истиот надвор од територијата на Македонија.
Збирката денес брои околу 17 000 примероци на монети, медаљи, ексагии и модерни банкноти што е резултат на систематски откуп и донации, и со оваа бројка таа прерасна во најголема јавна нумизматичка збирка во Р Македонија.