Османски турски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Отомански турски јазик или само отомански јазик (لسان عثمانى Lisân-ı Osmânî) — историска варијанта на турскиот јазик кој се користел како административен и литературен во рамките на Отоманското Царство. Јазикот имал голем број позајмени зборови од арапскиот и персискиот јазик и истиот користел арапско писмо за пишување. Така, литературниот отомански јазик не бил сосема разбирлив за обичниот необразован турски народ, кој пак користел упростен турски јазик со помал број арапски и персиски зборови. Тој упростен секојдневен јазик е базата за денешниот модерен турски јазик.[1] Јазикот може да се именува и како османски турски, османлиски турски, османски или османлиски јазик.
Кратки факти Отомански турски јазик, Застапен во ...
Отомански турски јазик | |
---|---|
لسان عثمانى lisân-ı Osmânî | |
Застапен во | Отоманско Царство-Турција |
Изумрен | реформиран во модерен турски во 1928 |
Јазично семејство | |
Писмо | отоманска турска азбука |
Јазични кодови | |
ISO 639-2 | ota |
ISO 639-3 | ota |
Затвори