Парламентарна република
From Wikipedia, the free encyclopedia
Парламентарна република — вид република која се управува под парламентарен систем, каде извршната власт (владата) е подредена и отчетна на законодавната (парламентот). Постојат повеќе видови парламентарни републики. Кај највеќето вакви републики постои јасна поделба на надлежностите помеѓу шефот на владата и шефот на државата, при што шефот на владата ја има вистинската власт, како кај уставните монархии. Кај некои, улогите на шеф на владата и шеф државата се споени во едно (како во претседателскиот систем), но сепак функционерот е зависен од парламентот.
Во ваквите држави, шефот на државата најчесто се нарекува „претседател“, а шефот на владата е „премиер“ или „канцелар“. Шефот на владата мора да ја има довербата на парламентот, а неговиот мандат може да подлежи на измени. Шефот на државата не подлежи на вакви ограничувања, но затоа има значајно помала извршна моќ.