Порта Македонија
триумфална арка во Скопје / From Wikipedia, the free encyclopedia
Порта „Македонија“ — споменик во облик на славолак (триумфална арка) кој се наоѓа на плоштадот Пела во Скопје. Прогласена е за културно наследство на Македонија со цел да се заштити. Споменикот бил најавен како дел од т.н. проект „Скопје 2014“ и свечено отворен на 6 јануари 2012 со говор на премиерот Никола Груевски каде тој се искажал како идеен творец на проектот.[1] Портата е пуштена во употреба со неколку месеци задоцнување по првичниот рок на 8 септември 2011 г. по повод 20 години од независноста на Македонија поради непредвидено продолжување на градежните работи.[2]
Порта Македонија | |
---|---|
Портата Македонија од јужната страна | |
Триумфална порта | |
Општи податоци | |
Вид | порта |
Стил | класицизам |
Место | Плоштад Пела |
Град | Скопје |
Земја | Македонија |
Почната | 2010 |
Завршена | 2011 |
Отворена | 6 јануари 2012 |
Трошок за изградба | 4,4 млн евра |
Сопственик | Министерство за култура на РМ |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Валентина Стефановска |
Архит. биро | „Неимар инженеринг“ |
Портата е висока 21 м. Однадвор има релјефи на површина од 193 м2 што претставуваат разни настани и обележја од историјата на Македонија и нејзината култура, а во внатрешноста има галериски простор на две нивоа и продавница за сувенири. На горниот дел од Порта Македонија има платформа за набљудување со три дурбина, а до таму водат два лифта и две скалишта.[3]
Позната и како „Триумфална капија“, ова е дело на вајарката Валентина Стефановска, авторката на споменикот „Воин на коњ“. Објектот го извело градежното претпријатие „Гранит” по проект на „Неимар инженеринг“ со вкупен трошок од 4,4 милиони евра.[4]