Прилеп
град и седиште на Општина Прилеп / From Wikipedia, the free encyclopedia
Прилеп — град во Македонија, сместен во северниот дел на Пелагониската Котлина, во југозападниот дел на Република Македонија. До него се стигнува преку магистралниот пат А 3. Има 63.308 жители (2021 г.) и се наоѓа на 128 километри југозападно од главниот град Скопје.
Кратки факти Прилеп, Држава ...
Прилеп | |||
---|---|---|---|
град | |||
Прекар(и): Градот под Маркови Кули | |||
Координати: 41°20′40.00″N 21°33′20.00″E | |||
Држава | Република Македонија | ||
Регион | Пелагониски Регион | ||
Општина | Општина Прилеп | ||
Првпат споменат во | 1014 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Борче Јовчески (ВМРО-ДПМНЕ) | ||
Надм. вис. | &01010101010101010101010101010129999999620−650 м | ||
Население (2021) | |||
• Вкупно | 63,308 | ||
Демоним | Прилепчани (мн.) | ||
Часовен појас | UTC+1 | ||
• Лете (ЛСВ) | UTC+2 (UTC) | ||
Повик. бр. | +389 048 | ||
Рег. таб. | PP | ||
Патрон | Свети Никола | ||
Мреж. место | www.prilep.gov.mk |
Затвори
Прилеп е познат како „градот под Марковите Кули“ поради неговата близина до кулите што ги изградил легендарниот херој Крали Марко (во Прилеп нарекуван Крале Марко).
Градот е одликуван со орден на народен херој на Југославија на 7 мај 1975 и е еден од осумте одликувани града во СФР Југославија со овој орден. Покрај тоа носители на овој орден се уште 14 лица кои потекнуваат од Прилеп и Прилепско.
Прилеп е седиште на истоимената Општина Прилеп.