Природен јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во филозофијата на јазикот, природен т.е. обичен јазик е оној кој потекнува на начин што не е однапред планиран, како резултат на вродената умешност за јазик поседувана од страна на човековиот интелект. Природниот јазик вообичаено се користи за комуникација и може да биде говорен, со знаци или пишан јазик. Природниот јазик се разликува од конструираните и формалните јазици, како што се на пример компјутерскиот – програмерскиот јазик или јазиците кои се користат за проучување на логиката, особено математичката логика.