Рендгенски зраци
вид електромагнетно зрачење / From Wikipedia, the free encyclopedia
Рендгенски зраци (наречени и Х-зраци, икс-зраци) — облик на електромагнетно зрачење и се дел од електромагнетниот спектар со честоти од 3×1016 до 3×1019 Hz, односно со бранови должини од 0,1 до 10 нанометри (0,110−9 до 1×10−8 m) и енергија во опсег од 120 eV до 120 keV. Зраците се јонизирачки и поради големата енергија се користат во радиологијата (за медицински цели), како и во кристалографијата за одредување на структурата на кристалите.