Средна Европа
регион во Европа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Средна Европа — географски регион на континентот Европа. Средна (Централна) Европа ја опфаќа територијата меѓу Алпите и Балтичкото Море. Се одликува со централна географска положба во Европа. Овде се преплетуваат многубројни природни и општествени влијанија и комуникации меѓу Јужна, Западна, Северна и Источна Европа. Се одликува со многу просторни разлики. Во јужните делови се наоѓаат Алпите, кои се највисоките планини во Европа, а кон исток нешто пониските Карпати. Јужно од Карпатите се наоѓа Панонската Низина преку која Средна Европа се поврзува со Јужна Европа. Средишните делови на Средна Европа се одликуваат со средновисоки и ниски планини и котлини, а на север се простира територијата на големата Германско-полската Низина. Територијата е испресечена со голем број реки и канали кои ја надополнуваат сообраќајно-коммуникациската мрежа. Дел од државите од Средна Европа излегуваат на море и претставуваат приморски земји. Такви се Германија и Полска. Другите се котинентални држави без излез на море. Такви се: Швајцарија, Лихтенштајн, Австрија, Чешка, Словачка и Унгарија. Овој недостиг на географската положба се надополнува со комуникации преку големиот број пловни реки и канали.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |