Сублимација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сублимација е премин на супстанцијата директно од црвста во гасовита состојба без да помине во течна состојба. Сублимација е ендотермна состојба на премин која се јавува кога температурата и притисокот се помали од тројната точка на супстанцијата. Обратниот процес на сублимација е десублимација, каде супстанцијата преминува директно од гас во цврста состојба. Сублимацијата исто така се користи како генерички поим за да се опишат промените помеѓу цврстата и гасовитата состојба кој ја избегнуваат течната состојба без да се наведе насоката на транзицијата.
Во нормални температурни услови и притисоци повеќето хемиски соединенијаи Хемиски елементи поседуваат три различни состојби во различни температури. Во овие случаи, преминот од цврста во гасовита состојба бара средна течна состојба. Притисокот се однесува само на делумниот притисок од супстанцијата, не на вкупниот (e. g. atmospheric) притисок од целиот систен. Сите цврсти материи кои поседуваат значителен притисок на пареа на одредена температура обично се сублимираат во воздухот (пр/ воден мраз само под 0 °C). За некој супстанции како што се јаглерод и арсен,сублимацијата е многу полесна од испарувањето,бидејќи притисокот на нивната тројна точка е многу висок, така да е тешко да се добијат како течности. Сублимацијата бара дополнителна енергија и претставува ендотермна промена. Сублимационата енталпија (топлина на сублимацијата) може да се пресмета како збир од фузионата енталпија и енталпијата при испарувањето.