Треска
река во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Треска — река во Македонија, десна притока на Вардар. Нејзината вкупна должина изнесува 132 км, а сливното подрачје зафаќа 2.350 км2. Друго име на оваа река е Голема Река, Велика Река или само Велика.
Треска | |
---|---|
Реката Треска низ Поречието | |
Местоположба | |
Земја | Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Извор |
• координати | 41°28′38″N 20°48′55″E |
Устие | Вардар |
• координати | 42°00′08″N 21°20′48″E |
Должина | 132 км |
Особености на сливот | |
Течение | Вардар→ Егејско Море |
Притоки | |
• леви | Студенчица, Зајаска Река (Кичевска Река), Рабетинска Река, Девичка Река, Слатинска Река, Тополнечка Река, Мала Река, Сува Река |
• десни | Сланска Река, Беличка Река, Крапа, Модришка Река, Црешневска Река, Белешница, Оча, Пеколник |
Водни тела | Козјак, Матка |
Изворите на Треска се Еловечка Река, на источната страна на планината Стогово и Беличка Река од северните падини на Илинска Планина. Текот на Треска започнува кај селото Другово, Кичевско, кајшто се составуваат овие два крака. По својот тек низ кичевскиот крај реката се нарекува Голема Река, а низ Поречието — Велика Река. Треска се нарекува од селото Здуње кон Скопје. По течението од Здуње до Скопската Котлина, во должина од 28 км, Треска тече низ стрмен кањон во кој се наоѓа вештачкото езеро Козјак, формирано со браната изградена во 2005. година. На самиот влез во Скопската Котлина, се наоѓа и вештачкото езеро Матка создадено со браната подигната во 1937 г. година. Треска се влева во Вардар во Ѓорче Петров крај Скопје.
Кај Матка се наоѓаат и два манастири: Св. Андреја и Св. Никола Шишевски изградени во XIV век.