Филип Дик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Филип Киндред Дик (16. декември 1928. - 2 март 1982 ), често ословуван и со својата кратеница ПКД, или по својот писателски псевдоним Ричард Филипс, бил американски писател на научна фантастика кој битно го променил тој жанр на книжевност. Иако за својот живот уживал почитување од своите врсници, како на пример од Станислав Лем, Дик не бил познат на широката публика до после својата смрт, по која неколку популарни филмски адаптации на неговите дела доживеале голема гледаност. Денес, неговите дела се меѓу најпопуларните на жанрот на научна фантастика и имаат остварено општа прифатеност од широка публика како и од литерарната критика.
Дик не го прифатил оптимизмот и едноставниот поглед на свет од „златното доба“ на научната фантастика. Дик упорно ги истражувал темите на природата на реалноста и хуманизмот во своите дела. Неговите дела се „населени„ со обични луѓе, наместо на галактички елити. Како претходник на поджанрот киберпанк, како позадина Дик често го користел аномичното друштво на јужна Калифорнија. Во своето познато дело, Човекот во високиот замок (1963, добитник на наградата Хуго), Дик се покажува како литерарен иноватор така што ги поврзува жанровите кои се занимаваат со алтернативна историја и научна фантастика. Понатаму, тој напишал голем број на раскази и романи кои биле издадени во разни списанија.
Неговите дела се карактеристични по нелагодното чувство на ерозија на реалноста, каде што главните ликови често сознаваат дека нивните најблиски (или тие самите) се роботи, вонземјани, натприродни суштества, маѓепсани, шпиони, халуцинација, умрени или некоја комбинација од нив.