Хеви-метал музика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хеви-метал музика (англиски: heavy metal) — жанр на рок-музиката кој се појавил како дефиниран музички стил во 70-тите години на XX век, со корени од хард-рок бендовите кои, помеѓу 1967 и 1974, ги мешале блузот и рокенролот за да создадат хибрид со дебел и тежок звук, заснован воглавно на гитари и тапани, карактеризиран од употребата на високозасилена дисторзија. Од хеви-металот подоцна еволуирале голем број на поджанрови, кои едноставно се нарекуваат „метал“. Како резултат на тоа, поимот „хеви-метал“ има две различни значења: прво, целиот жанр со сите негови поджанрови; второ, оригиналната хеви-метал музика од 1970-тите, која понекогаш се нарекува „традиционален метал“ (на пример „Дип парпл“, „Лед зепелин“ и Блек сабат.
- Оваа страница се однесува на метал музиката. За друго значење видете метал (појаснување).
Хеви-метал | |
---|---|
Стилско потекло: | Психоделичен рок, блуз, хард-рок, класична музика |
Културно потекло: | Доцни 60-ти, Велика Британија и САД |
Типични инструменти: | Електрична гитара - Бас - Тапани |
Мејнстрим популарност: | Екстензивно следен од голем број на обожаватели низ светот |
Поджанрови | |
Авандгарден метал - Блек-метал - Класичен метал - Дет-метал - Дум-метал - Глам-метал - Готски метал - Грув-метал - Неокласичен метал - Пауер-метал - Прогресивен метал - Спид-метал - Треш-метал - Фолк-метал | |
Фузиски жанрови | |
Алтернативен метал - Викиншки метал - Грајндкор - Индустриски метал - Металкор - Деткор - Ну-метал - Симфониски метал - Стоунер-метал - Фанк-метал - Христијански метал | |
Регионални сцени | |
Гетебург - Британија - Област на заливот - Флорида | |
Други теми | |
Мода - Историја - Групи - Умлаут - Бласт-бит |
Хеви-металот започнал да се здобива со популарност во 1970-тите и во 1980-тите. Тој има голем број на следбеници во целиот свет, кај нас познати како „металци“, а во англофонските земји тие се познати како „метални глави“ (англиски: Metalheads) и „удирачи на главите“ (англиски: Headbangers).