Хенри Форд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хенри Форд (30 јули 1863 – 7 април 1947 ) е основач на компанијата Форд Мотор и претставува татко на модерната лента за склопување која се користи за масовно производство. Неговиот Модел Т ги револуционирал транспортот и американската индустрија. Како единствениот сопственик на компанијата, тој станал еден од најбогатите и најпознатите луѓе на светот. Форд го измислил фордизмот, т.е. масовното производство на голем број на евтини автомобили со користење на лента за склопување и со високи плати за неговите работници (пет долари на ден во 1914 година).
И покрај тоа што Форд не бил многу образован, тој имал глобална визија и ја гледал потрошувачката како клучен фактор за мир. Тој бил еден од водечките пацифисти во Првата светска војна, но ја пренаменил својата компанија да произведува воени материјали и во двете светски војни. Неговата силна волја да ги намали трошоците за производство на автомобили довело до низа експерименти и иновации; една од неговите идеи била да се создаде систем заснован на концесии (англиски: „franchise“) со кој се создале продажни центри во сите градови во Северна Америка и во поголемите градови на шест континенти.
Неговиот главен конкурент, Џенерал Моторс сепак го престигнал Форд во 1920-тите бидејќи почнал да им нуди многу повеќи можности на потрошувачите. Потрошувачите имале избор кога станува збор за моќ, престиж и стил на автомобилот како и најразлични можности за кредит. Форд го оставил најголемиот дел од неговото богатство на Форд Фондацијата, но исто така направил неговото семејство да може перманентно да ја контролира компанијата.