Хомолошка низа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хомолошка низа — низа од хемиски соединенија со иста функционална група и слични хемиски својства чии членови можат да бидат разгранети или неразгранети, или да се разликуваат по молекуларна формула CH
2 и молекулска маса 14u.[1] Ова може да биде должината на јаглероден ланец,[1] на пример во праволанчениот алкани (парафини), или бројот на мономери во хомополимер како амилоза.[2]
Соединенијата во рамките на една хомолошка низа обично имаат утврден збир на функционални групи кои им даваат слични хемиски и физички својства. (На пример, низата од првични праволанчени алкохоли има хидроксил на крајот од јаглеродниот ланец.) Овие својства постепено се менуваат долж ланецот, често поради разликата во молекулската големина и маса. Поимот „хомолошка низа“ често се користи за било кој збир од соединенија со слични структури или заедничка функционална група, како општите алкани (прави или разгранети), алкени (олефини), јаглехидрати итн. Меѓутоа, ако членовите не можат да се распоредат во линеарна редица според еден параметар, збирот се нарекува „хемиско семејство“ или „класа на хомолошки соединенија“ отколку „низа“.
Концептот за хомолошки низи е воведен во 1843 г. од францускиот хемичар Шарл Фредерик Жерар.[3] Реакцијата а хомологација е хемиски процес кој претвора еден член на хомолошка низа во следниот.