Четиридимензионален простор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Концептот за четврта димензија (кратенка: 4Д) често се опишува со оглед на неговите физички импликации; т.е. знаеме дека во три димензии, имаме должина (или длабочина), широчина и висина. Четвртата димензија е ортогонална (под прав агол) на трите други просторни димензии. Главните насоки на трите познати димензии се наречени горна/долна (височина), северна/јужна(должина) и источна/западна (ширина). Кога зборуваме за четвртата димензија, потребен е додатен пар од изрази. Прифатени изрази се ана/ката, вин/вут (користена од Руди Рукер) и ипсилон/делта.
Обично четвртата димензија се поистоветува со време. Во овој случај, концептот на додатна просторна димензија би се нарекол петта димензија.