сре., 18 сеп. 2024 г.

Most read
Thumbnail
Thumbnail

Дијалекти на македонскиот јазик

Македонскиот јазик според поделбите на некои дијалектолози брои околу 27 дијалекти поделени во три главни групи. Главната граница помеѓу двата блокови источните и западните дијалекти е планината Скопска Црна Гора, продолжува со реката Вардар па сѐ до Егејското Море. Главна особина за западните дијалекти е побавниот тоналитет на дијалектите, употребата на тројниот член и акцентот паѓа на третиот слог од крајот на зборот. Заедничка особина за источните дијалекти е побрзиот тоналитет на зборување, кратење на зборовите и променлива положба на акцентот. Дијалектите се зборуваат на сета територија на Република Македонија, Пиринска Македонија, Егејска Македонија, Мала Преспа и Голо Брдо и југозападно Косово. Македонскиот јазик, со сите негови дијалекти има над 3 милиони говорници.
255 views
Thumbnail
Thumbnail

За македонцките работи

За македонцките работи — книга напишана од Крсте Петков Мисирков и објавена во Софија во 1903 година. Книгата ги претставува погледите на еден од најголемите македонисти и национални дејци кон македонското прашање, националната свест и пред сè на потребата од завршување на националната афирмација и ослободување на Македонците како посебен народ со особено значење на улогата за кодифицирање на литературен македонски јазик. Во книгата се обработуваат тематики поврзани со основање на стандарден македонски јазик, правопис и азбука во контекст на изнесениот политиколошки поглед на тогашната актуелна политичка состојба во Македонија по Илиденското востание, како и научно-теоретски погледи за самобитноста и посебноста на македонскиот народ со историски пристап кон настанокот на другите европски и словенски народи, со единствена замисла и цел за национална афирмација на македонскиот народ во современа модерна европска нација со своја слободна, целовита и независна држава Македонија.
206 views
Show more