Ѓурџи беј џамија
џамија во Охрид / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ѓурџи беј џамија (турски: Gürcü Bey Camii) или Ѓол џамија (Göl Camii) — стара османлиска џамија во градот Охрид.[1] Му припаѓа на Охридското муфтиство на ИВЗ.
Кратки факти Ѓурџи беј џамија, Основни податоци ...
Ѓурџи беј џамија | |
---|---|
Поглед на џамијата | |
Основни податоци | |
Место | Охрид, Македонија |
Координати | 41°30′47.5″N 20°58′11.3″E |
Припадност | сунитски ислам |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Архитектонски стил | османлиски |
Завршен | XVII век |
Особености | |
Минариња | 1 |
Затвори
Џамијата е османлиска и датира од првата половина на XVII век.[2] Се наоѓа во маалото Воска, на раскрсницата на улиците „Васил Стефоски“ и „Бистрица“. На мало растојание од неа е брегот на Охридското Езеро, од каде доаѓа нејзиното друго име „Ѓол џамија“, што значи Езрска џамија.