Јоносфера
From Wikipedia, the free encyclopedia
На горниот дел од мезосферата се надоврзува слој каде значителен дел од гасните молекули се наоѓаат во јонизирана состојба, поради нивната изложеност на сончевото зрачење и другите космички зрачења. Од овие причини, овој слој е познат како јоносфера и неговата маса е 5% од вкупната маса на атмосферата. Воздухот во неа е мошне разреден, а небото е потполно темно, бидејќи сончевите зраци не се одбиваат од разредените воздушни честички и јони.
Јоносферата има рефлектирачка улога при простирањето на електромагнетните бранови со голема бранова должина, односно со честота од редот на kHz. Оваа околност е искористена за обезбедување на радиоврски на поголеми растојанија. Брановите кои се рефлектираат од јоносферата се радиобранови од електромагнетниот спектар и тоа од подрачјата: VL (Very Low), LF (Low Frequency), MF (Medium Frequency) и HF (High Frequency). Во однос на пропагација на радио бранови, јоносферата има четири различни зони: D, E, F1 и F2. Во текот на денот постојат сите четири нивоа, додека ноќе F1 и F2 изгледаат како споени, а D и E воопшто не постојат. D се протега 75-90км над земјата и истото има мал удел во патеката на радио брановите, односно ги ослабнува HF брановите кога патеката на пренос е во сончеви региони. E се протега 90-130км и се користи за HF радио пренос. Во текот на ноќта неговиот интензитет се намалува и станува некорисен за пренос на радиобранови. F1(200–250 km) и F2(250–500 km) кои се добро дефинирани во текот на денот, а во текот на ноќта формираат едно F ниво. Ова ниво е константно јонизирано поради најголемата изложеност на сончено зрачење и се користи за радио комуникации со голем опсег.
Оваа статија од областа на физиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |