Јосип Белушиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јосип Белушиќ (12 март 1847[1] – 8 јануари 1905[1]) ― хрватски пронаоѓач и професор по физика и математика. Роден е во селото Жупаниќи, во близу Лабин, Истра, а се школувал во Пазин и Копер. Белушиќ ги продолжил студиите во Виена, подоцна се преселил во Трст пред да се врати во Истра, каде што го изградил својот најпознат изум, брзиномерот. По завршувањето на студиите, Белушиќ се вработил како професор по физика и математика во Кралската школа „Копер“. Подоцна станал директор на Поморското училиште во Подград и се вработил како доцент во таа установа.[2][1][3]
Јосип Белушиќ | |
---|---|
Белушиќ околу 1877 година | |
Роден(а) | 12 март 1847(1847-03-12)[1] Жупаниќи, Австриско Царство |
Починал(а) | 8 јануари 1905(1905-01-08) (возр. 57)[1] Непознато, веројатно Виена, Трст или Копер |
Националност | Австроунгарец |
Народност | Хрват |
Образование | Пазински лицеј, Виша државна гимназија во Копер; Универзитет Виена[1] |
Занимање |
|
Познат(а) по | Откривање на брзиномерот |
Потпис |
Во 1887 година[4][5] Белушиќ за прв пат јавно направил опит со својот нов изум, електричен брзиномер.[6][7][8][1] Пронајдокот бил патентиран во Австроунгарија под името велоциметар.[9][10]
Белушиќ го изложил својот изум на Светската изложба во 1889 година во Париз,[11][10][9][12] преименувајќи го Controllore automatico per vetture (Автоматски контролер за автомобили). Истата година, Општина Париз објавила јавен конкурс, при што биле пријавени над 120 патенти за конкурирање. Неговиот дизајн победил како најпрецизен и сигурен и бил прифатен во јуни 1890 година.[13][11] Во рок од една година, стотина уреди биле вградени на париските возила.[1][3] Во 1889 година, хрватскиот весник Naša sloga предвидел дека „[пронајдокот на Белушиќ] ќе се прошири низ целиот свет, а со тоа и името на нашиот доблесен Истарец, пријател и родољубец“.
Пронајдокот на Белушиќ бил и првиот уред за следење во историјата, претходник на мерните уреди за следење што се користени денес во камиони, автобуси и таксиња.[1][10][9][3][14] Така, Белушиќ е заслужен и како татко на уредите за следење и надзор.[15][4][14]