Јохан Георг Ваглер
германски зоолог / From Wikipedia, the free encyclopedia
Јохан Георг Ваглер (германски: Johann Georg Wagler; 28 март 1800 - 23 август 1832) бил германски херпетолог.
Ваглер е роден во Нирнберг. По завршувањето на средното образование, се запишал на Нирнбершкиот универзитет. Подоцна се преселил во Минхен и Работел како помошник на Јохан Баптист фон Спикс сè до неговата смрт во по смртта на Спикс во 1826 г, кога бил назначен за директор на Зоолошкиот музеј при Минхенскиот универзитет. Работел на обемни збирки што ги донел од Бразил и го напишал трудот „Монографија за папагалите“ (Monographia Psittacorum, 1832), каде се опишува и сината ара.
Починал во 1832 г. од повредите што си ги задал кога случајно самиот се застрелал со пушка додека истражувал во Мозах, Минхен.[1]