Југословенска народна армија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Југословенска народна армија (ЈНА) — вооружена сила на поранешна ФНРЈ, подоцна СФРЈ. Во своето време, се сметала за четврта по големина војска во Европа[се бара извор], и за добро вооружена и обучена воена сила.[се бара извор] Формирана е од антифашистичките сили на Југославија во текот на Втората светска војна, и била под контрола на комунистите. Претседателот на КПЈ Јосип Броз Тито бил и командант на ЈНА во текот на војната. Од формирањето во 1941 до 1945 се викала Народноослободителна војска (НОВ), а потоа во 1945 била преименувана во Југословенска Армија (ЈА), и конечно на 10-годишнината во 1951 ја добила и придавката „народна“.
Амблем на ЈНА: горе (1951–1991); долу (1991–1992) | |
Кратенка | ЈНА |
---|---|
Основана | 22.12.1941. Рудо, БиХ |
Укината | 12.05.1992. |
Вид | воена организација |
Правен статус | расформирана |
Цел | одбранбена војска на СФРЈ, претходно ФНРЈ |
Седиште | Белград, Југославија |
Регион | поранешна Југославија (до 1991) |
Членство | 180.000 активен состав, 1,2 милиони резервен состав |
Службени јазици | српско-хрватски/хрватско-српски |
Командант | маршал, генерал на армија или адмирал на флота |
Главно тело | Генералштаб |
Матична организација | Претседател на СФРЈ до 1980, потоа Претседателство на СФРЈ |
Во 1991 - 1992 година, со распадот на Југославија, ЈНА се ставила во служба на српските интереси во Југославија. Кога увиделе дека Југославија повеќе не постои, Србија и Црна Гора ја реформирале ЈНА во Војска на Сојузна Република Југославија, скратено ВЈ. Но, поголемиот дел од заедничкото оружје, инфраструктура и служби, меѓу кои и КОС останале во посед и во служба на Србија.