Јужноамериканско првенство во фудбал 1957
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јужноамериканско првенство во фудбал 1957 — 25-то издание на првенството кое денес е познато како Копа Америка, главниот интернационален фубдалски турнир за државните репрезентации од Јужна Америка. Натпреварувањето било организирано од КОМНЕБОЛ, главното тело на Јужноамериканскиот фудбал, и се одржало во Перу од 7 март до 6 април 1957 година.
Јужноамериканско првенство во фудбал 1957 | |
---|---|
Аргентина и Бразил 1957 | |
Податоци за првенството | |
Земја | Перу |
Датум на одржување | 7 март — 6 април 1957 |
Екипи | 7 (од 1 конфедерација) |
Стадиони | 1 (во 1 граддомаќин) |
Финални резултати | |
Шампион | Аргентина (11ти) |
Второ место | Бразил |
Трето место | Уругвај |
Четврто место | Перу |
Статистики на првенството | |
Број на натпревари | 21 |
Постигнати голови | 101 (4.81 по натпревар) |
Гледачи | 1,019,000 (0 по натпревар) |
Голгетер | Уругвај Х. Амброис Аргентина Маскио (по 9 голови) |
Најдобар играч | Аргентина Сивори |
← 1956 1959 → |
На турнирот учествувале 7 репрезентации. Турнирот бил освоен од страна на Аргентина кој во финалето ја совладал репрезентацијата на Бразил. Уругвај го освоил третото место.
Умберто Макио, репрезентативец на Аргенина и Хавиер Амброис, репрезентативец на Уругвај, биле најдобри стрелци со девет постигнати голови.[1]
На чело со Гилермо Стабиле, Аргентина го освоила турнирот со екипа која се смета за една од најдобрите во историјата[2], и прв „легендарен тим“ на Аргентина од 1901 година[3]. Нападот го сочинувале Оресте Корбата, Умберто Макио, Антонио Анелило, Омар Сивори и Освалдо Круз. Сивори бил избран за најдобар играч на турнирот[3].