Јуроајс Класик
велосипедска трка во Хамбург / From Wikipedia, the free encyclopedia
Јуроајс Класик (порано ХЕВ Класик и Ватенфал Класик) — годишна еднодневна професионална и аматерска велосипедска трка во и околу Хамбург. Иако рутата на трката се менува, сепак секогаш нејзината должина е околу 250 километри. Во текот на трката најтешко искачување претставува ридот Вазеберг во Бланкенезе, кој се искачува неколкупати пред крајот на трката.[1]
Лого на трката | |
Датум | средина/крај на август |
---|---|
Регион | Хамбург, Германија |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Еднодневна трка |
Организатор | Упсолут Спортс АГ |
Директор на трката | Ерик Цабел |
Прво одржување | 1996 (1996) |
Одржувања | 24 (до 2019) |
Прв победник | Росано Брази (ИТА) |
Најмногу победи | Елија Вивијани (ИТА) (3 победи) |
Неодамнешен победник | Елија Вивијани (ИТА) |
Трката претставувала единствен настан одржуван во Германија вклучен во календарот на Светската турнеја. Се организира од Упсолут Спортс АГ, германска подружница на француската медиумска групација „Лажардер“ (Lagardère), која исто така го организира годишниот Велотон Берлин.
Важен дел од Класикот се трките Једерман (Jedermannrennen), аматерски настан, кој се одржува на истиот ден и на истата рута како професионална трка. Секој (jedermann) може да учествува на овие трки во должина од 55 км, 100 км и 155 км.[2] Меѓутоа, бројот на учесниците е ограничен на 22.000 аматери и картата мора да биде резервирана со месеци однапред.[3]