Џенет Џексон
американска пејачка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Џенет Џексон (анг. Janet Jackson; Гери, 16 мај 1966 год.) — една од комерцијално најуспешните и највлијателните пејачки на сите времиња, композитор, текстописец, музички и филмски продуцент, глумица, автор, моден творец и милијардерка. Рангирана е како една од десетте најпродавани музичари во историјата на музиката, затоа што ширум светот продала повеќе од 160 милиони музички албуми, 17 милиони видео албуми и 8 милиони влезници за концерти. Имала десет синглови и дури седум албуми на првото место на официјалната американска топ листа, еден повеќе од нејзиниот постар брат Мајкл Џексон, т.е. еден помалце од нејзиниот најголем соперник Мадона, и три филмови, во кои била во главната улога, на првото место на американскиот бокс офис, што ја прави, покрај Хали Бери, најуспешната афроамериканска глумица од сите времиња. Во два наврати станала и најплатениот музичар на планетата, според Форбс, една од десетте најплатени жени од светот на шоу-бизнисот. Поставила бројни светски рекорди од кои некои сè уште не се срушени. Албумот „Control“ од 1986 година е првиот женски албум од кој се одбрани топ-5 синглови, а албумот „Rhythm Nation 1814“ од 1989 година е еднимствен албум во историјата од кој се одбрани 7 синглови меѓу првите пет на американската топ список на синглови, од кои дури четири успеале до првото место. Плочата „janet.“ од 1993 година станала првата плоча од женски уметник која стигнала на првото место на американската официјална топ листа со, три рекордни, 360.000 продадени примероци во текот на првата недела. Во 2000 година Џенет станала првиот музичар на кого добро му тргнало за да го освои првото место на американската топ список на синглови во текот на осумдесеттите и деведесеттите години од 20 век и после 2000, а 2001 која имала пет албуми кои едноподруго успеале до првото место на американската топ листа. Добитник е на 6 Гремија, 15 Американски музички награди, 15 МТВ награди и повеќе Билбордови награди него било кој друг музичар, а во 2001 година прогласена е за „првата МТВ икона“ на церемонијата организирана во нејзина чест, на која присуствувале и ги изведувале нејзините хитови музичари како Пинк, Бритни Спирс, Стиви Вондер, Ашер, Кристина Агилерa, Џастин Тимберлејк, Бијонсe Ноулс и многу други. Освоила и една Еми награда, номинација за Оскар и Златен глобус.