Џони Матис
американски поп-пејач / From Wikipedia, the free encyclopedia
Џон Ројс Матис (англиски: John Royce Mathis; роден на 30 септември 1935) ― американски пејач на забавна музика. Кариерата ја започнал во 1956 година и станал многу популарен изведувач во САД. Неколку десетици негови албуми биле продадени во златен или платинест тираж, а 73 албуми се пласирале на Билбордовите топ-листи. Матис добил Греми награда за животно дело, а три негови песни се примени во Гремиевата куќа на славата.
Џони Матис | |
---|---|
Џони Матис на концерт во 2006 година | |
Животописни податоци | |
Родено име | Џон Ројс Матис |
Роден(а) | 30 септември 1935(1935-09-30) (88 г.) Гилмер, Тексас, САД |
Потекло | Сан Франциско, Калифорнија, САД |
Жанрови | |
Занимања | Пејач |
Период на активност | 1956–денес |
Издавачи |
|
Мреж. место | johnnymathis.com |
Матис, со продадени 360 милиони плочи ширум светот, се наоѓа на трето место меѓу музичарите кои продале најмногу плочи во 20 век.[2] [3] Иако често се смета за пејач на романси, неговите песни содржат елементи на: традиционална поп, латиноамериканска, соул, ритам и блуз, блуз и кантри-музика, а има и неколку диско-песни на неговиот албум Mathis Magic од 1979 година. Матис снимил шест албуми со божиќна музика. Во едно интервју од 1968 година, ги навел Лена Хорн, Нат Кинг Кол и Бинг Крозби меѓу неговите музички влијанија.