Џон Тери
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џорџ Џон Тери (роден на 7 декември 1980 ) — англиски професионален фудбалер. Џон Тери е централен бек и е капитен на Челзи во ФА Премиер лигата. Тој исто така бил и капитен на Англиската фудбалска репрезентација, од август 2006 до февруари 2010, и од март 2011 до февруари 2012. Тери важи како физички силен одбранбен играч, со доминантна игра во воздухот и е познат по своите агресивни одземања на топката, позиционирање, водство и неговата способност да ја проценува играта.[1][2][3][4] Тој се смета за еден од најдобрите дефанзивци на неговата генерација.[5][6] Тери беше награден за најдобар фудбалски дефанзивец на УЕФА во 2005, 2008 and 2009 година,[7] како и играч на годината во 2005 година,[8] и беше вклучен во ФИФА Про и ФИФА Светските 11.[9][10][11][12] Тој исто така беше именуван во Ол-Стар тимот на Светското првенство во 2006 година, и бил единствен англиски играч во тимот.
Џон Тери | |||
---|---|---|---|
Тери на Европското првенство во 2012 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Џон Џорџ Тери | ||
Роден на | 7 декември 1980(1980-12-07) (43 г.) | ||
Роден во | Баркинг, Лондон, Англија | ||
Висина | 1,87м | ||
Позиција | одбрана - централен бек | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Челзи | ||
Број | 26 | ||
Младинска кариера | |||
Сенраб | |||
1991–1995 | Вест хем јунајтед | ||
1995–1998 | Челзи | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1998– | Челзи | 492 | (40) |
2000 | → Нотингем форест | 6 | (0) |
2017– | Астон Вила | 0 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2000–2002 | Англија U-21 | 9 | (1) |
2003–2012 | Англија | 78 | (6) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 13:10, 27 декември 2014 (УТЦ) ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 7 септември 2012 |
За репрезентацијата на Англија одиграл 78 натперавари од 2003 до 2012 година. Тери своето деби за репрезентацијата на Англија го имал во јуни 2003 година против репрезентацијата наСрбија и Црна Гора, додека првиот старт во почетните 11 за Англија го имал на 20 август 2003 година во Ипсвич, на пријателскиот натпревар против Хрватска, Англија победи со 3-1. [се бара извор] Неговиот главен партнер во одбраната бил Рио Фердинанд. [се бара извор] Тој играше за својата земја на повеќе меѓународни првенства како што се : Евро 2004, кога селектор на Англија бил Свен Јеран Ериксон кој изјавил дека Тери бил негов прв избор како централен дефанзивец, заедно со Сол Кембел.[се бара извор]. Исто така бил дел од Светските првенства во 2006 и 2010 година, како и на Европските првенства 2008 и 2012 година.