Џорџ V
крал на Обединетото Кралство / From Wikipedia, the free encyclopedia
Џорџ V (Џорџ Фредерик Ернест Алберт; 3 јуни 1865 - 20 јануари 1936) ― крал на Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска (од 1927 година Северна Ирска), крал на британските доминиони и цар на Индија, од 6 мај 1910 година до неговата смрт во 1936 година.
Џорџ V | |||||
---|---|---|---|---|---|
Портрет, 1923 | |||||
| |||||
На престол | 6 мај 1910 – 20 јануари 1936 | ||||
Крунисување | 22 јуни 1911 | ||||
како цар на Индија | 12 декември 1911 | ||||
Претходник | Едвард VII | ||||
Наследник | Едвард VIII | ||||
Роден(а) | Принц Џорџ од Велс 3 јуни 1865(1865-06-03) Марлборо Хаус, Вестминстер, Англија | ||||
Починал(а) | 20 јануари 1936(1936-01-20) (возр. 70) Норфолк, Англија | ||||
Почивалиште | 28 јануари 1936 Капела Свети Џорџ во Виндзорскиот замок | ||||
Сопружник | Мери од Тек (в. 1893) | ||||
Деца Detail |
| ||||
| |||||
Династија |
| ||||
Татко | Едвард VII | ||||
Мајка | Александра Данска | ||||
Вероисповед | Протестант | ||||
Потпис | |||||
Воена служба | |||||
Род | Кралска воена морнарица | ||||
Служба | 1877–1892 | ||||
По неочекуваната смрт на неговиот постар брат во јануари 1892 година Џорџ станал директен наследник на британскиот трон. Следната година, Џорџ се оженил со свршеницата на неговиот брат, принцезата Викторија Мери од Тек; тие имале шест деца. По смртта на кралицата Викторија во 1901 година, таткото на Џорџ, Едвард VII, станал крал, а на Џорџ му била доделена титулата принц од Велс. Тој станал крал-цар по смртта на неговиот татко во 1910 година.
За време на владеењето на Џорџ имало големи политички превирања; Џорџ V бил сведок на подемот на: социјализмот, комунизмот, фашизмот, ирскиот републиканизам и индиското движење за независност, а сето тоа радикално го променил политичкиот пејзаж на Британската Империја. Како резултат на Првата светска војна (1914–1918), пропаднале царствата на неговите први братучеди Николај II од Русија и Вилхелм II од Германија, а Британската Империја го достигнала својот територијален врв. Во 1917 година, Џорџ станал прв монарх од Виндзорската династија, затоа што ја преименувал династијата Сакс-Когург и Гота поради антигерманското јавно расположение.
По неговата смрт во јануари 1936 година, Џорџ бил наследен од неговиот најстар син, Едвард VIII. Едвард абдицирал во декември истата година и бил наследен од неговиот помлад брат Алберт, кој го зел кралското име Џорџ VI.