АТП Њупорт
From Wikipedia, the free encyclopedia
АТП Њупорт или Отворено првенство на тениската куќа на славните (англиски: Infosys Hall of Fame Open) е тениски турнир во машка конкуренција и моментално еден од турнирите од АТП серијата 250. Основан е во 1976, а натпреварите се играат на тревнати терени во Меѓународната тениска куќа на славните и секоја годин пред почетокот на турнирот се одржува церемонија по повод прием на нови членови во куќата на славните. Ова е последен турнир кој се игра на трева во календарот на тениската сезона и е единствен таков турнир надвор од Европа. Интересно е тоа што се до 2011 година, кога победник бил Џон Изнер, првиот носител на турнирот никогаш претходно не ја освоил титулата во Њупорт.
АТП Њупорт | |
---|---|
Информации за турнирот | |
Основан | 1976 |
Место | Њупорт САД |
Одржувалиште | Меѓународна тениска куќа на славните |
Категорија | ATP World Series (1990–1997) ATP International Series (1998–2008) ATP World Tour 250 series (2009–денес) |
Подлога | Трева |
Жреб | 28П/16Кв./16Д |
Награден фонд | $604,010 |
Веб-сајт | 1 |
Моментални победници (2023) | |
Поединечно | Адријан Манарино |
Двојки | Натаниел Лемонс Џексон Витроу |
Турнирот се игра веднаш после Вимблдон, па поради таа причина на него ретко учествуваат играчи од самиот светски врв; на пр., првите двајца носители во 2008 година, Марди Фиш и Фабрис Санторо, се наоѓале на 41-вото и 57-мото место на АТП листата, додека осмиот носител, Кевин Андерсон, бил пласиран под 100-тото место (115). Четири најпознати освојувачи на овој турнир се поранешниот светски рекет број 1 Лејтон Хјуит, двократниот освојувач на Австралијан Опен Јохан Крик, поранешниот светски број 4 Грег Руседски и двократниот финалист на Гренд слем турнирите Марк Филипусис.