Ада Кале
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ада Кале или Адакале (романски: Ada Kaleh; турски: Adakale, што значи „Остров тврдина“; унгарски: Újorsova или Ada Kaleh; српски и бугарски: Адакале) ― поранешен мал средорек на Дунав, сместен во Романија, кој бил потопен за време на изградбата на Хидроелектраната „Ѓердап I“ во 1970 година. Островот бил околу 3 км низводно од Оршова и бил долг помалку од два километри и широк околу половина километар (1,75 x 0,4-0,5 км). Ада Кале била населена со Турци муслимани од сите делови на Отоманската Империја,[1] и имало семејни врски со турското муслиманско население во Видин и Русе поради егзогамни бракови.[2]
Островот Ада Калех е веројатно највозбудливата жртва на изградбата на браната на Ѓердапската Клисура. Некогаш османлиска ексклава која била менувана неколку пати во 18 и 19 век, имала џамија и бројни извртени улички и била позната како слободно пристаниште и шверцерско гнездо. Островјаните произведувале локум, баклава, розова вода, мармалад од смокви и рози, и масло од роза, а биле добро познати по пеливанството. Постоењето на Ада Кале било занемарено на мировните преговори за време на Берлинскиот конгрес во 1878 година околу Руско-османлиската војна, позната во Романија како Војна за независност, која му овозможила на островот да остане де јуре во сопственост на отоманскиот султан до 1923 година.