Аденовирус
From Wikipedia, the free encyclopedia
Аденовируси (членови на фамилијата Adenoviridae) — вируси со средна големина (90–100 nm), без надворешна липидна обвивка со икосоедарска форма на нуклеокапсидот кои содржат двојно-верижна ДНК.[1] Името го добиле по тоа што првично биле изолирани од хуманите аденоиди во 1953.[2]
Кратки факти Adenoviruses, Класификација [ e ] ...
Adenoviruses | |
---|---|
Трансмисиона електронска микрографија на две аденовирусни честички | |
Класификација [ e ] | |
Genera | |
|
Затвори
Голем број на рбетници се нивни домаќини; кај луѓето повеќе од 50 различни аденовирусни серотипови предизвикуваат широк опсег на заболувања, од полесни респираторни инфекции кај децата до живото-загрозувачки мултиоргански болести кај луѓе со имунодефициенција.[1]