Адиџе
река во северна Италија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Адиџе (италијански: Adige или Еч (германски: Etsch; венецијански: Àdexe; реторомански: Adisch; ладински: Adesc; латински: Athesis; старогрчки: Ἄθεσις, Атесис или Ἄταγις, Атагис[1]) — втора река по должина Италија, веднаш зад По. Извира кај Решенскиот Превој во Финшгау во покраината Јужен Тирол кај границата со Австрија и Швајцарија, па тече 410 км низ североисточна италија, па завршува во Јадранското Море.
Кратки факти Адиџе, Етимологија ...
Адиџе | |
---|---|
Адиџе во Верона | |
Течението на Адиџе | |
Етимологија | латински Athesis, од келтски *yt-ese, „водата“ |
Изворно име | Adige |
Местоположба | |
Земја | Италија |
Физички особености | |
Извор | Решенски Превој |
• место | Граун во Виншгау, Јужен Тирол, Италија |
• координати | 46°50′04″N 10°30′53″E |
• надм. вис. | 1.520 м |
Устие | Јадранско Море |
• место | Италија |
• координати | 45°8′59″N 12°19′13″E |
Должина | 410 км |
Големина на сливот | 12.100 км2 |
Проток | |
• просечен | 235 м3/с |
Особености на сливот |
Затвори
Името на реката води потекло од пракелтскиот поим *yt-ese со значење „водата“, когнат на реката Тиз во Англија (во антиката наречена Атезис, Теса).[2]