Азад Хинд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Привремената влада на слободна Индија ((хинди आर्ज़ी हुक़ूमत-ए-आज़ाद हिन्द, урду عارضی حکومتِ آزاد ہند, непалски. आजाद हिन्द); Арзи Хукумат е Азад Хинд) или скратено само Азад Хинд,[5][6] била индиска привремена влада основана за време на Втората светска војна во Сингапур под јапонска окупација. Била создадена во октомври 1943 година со поддршка и во голема мера зависна од Јапонското Царство.[7]
Привремена влада на слободна Индија | ||||||
Ārzī Hukūmat-e-Āzād Hind आर्ज़ी हुकूमत-ए-आज़ाद हिन्द عارضی حکومتِ آزاد ہند 自由インド仮政府 | ||||||
Марионетска држава на Јапонското Царство[1][2] | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Светло зелено: територијални претензии Темно зелено: Контролирани територии (со јапонска помош) | ||||||
Главен град | Њу Делхи (де јуре) Порт Блер (де факто)[3] | |||||
Гл. град во бегство | Рангун Сингапур Токио | |||||
Уредување | Привремена влада | |||||
Историски период | Втора светска војна | |||||
- | Основана | 21 октомври 1943 | ||||
- | Замрела | 18 август 1945 | ||||
Население | ||||||
- | 85,000 (Армија)[4] | |||||
Била дел од политичкото движење во 1940-тите вон границите на Индија кое имало цел да се здружи со силите на Оската за да ја ослободи Индија од британската власт. Основана е во Сингапур од индиски националисти во егзил за време на втората половина од Втората светска војна со парична, воена и политичка помош од царската Јапонија.[7] Се заснова на концептите на Субас Чандра Босе, кој исто така бил на чело на владата и шеф на државата.
Владата на Азад Хинд имала своја валута, суд и граѓански законик, а за некои Индијци, нејзиното постоење ја зајакнало борбата за независност против Британците.[8][9][10] Веднаш по формирањето на привремената влада, Слободна Индија им објавила војна на сојузничките сили на Индо-бурманскиот фронт.[11] Нејзината армија, Индиската национална армија (Азад Хинд Фауџ), тргнала во акција против Британската индиска армија и сојузничките сили како дел од Царската јапонска армија во секторот Имфал-Кохима. Владата постоела сè додека цивилната администрација на Андаманските Острови не била вратена под британска јурисдикција кон крајот на војната и со предавањето на последниот голем контингент на трупите на ИНА во Рангун. Смртта на Босе се смета за крај на целото движење Азад Хинд.[7][11]