Александар Поуп
From Wikipedia, the free encyclopedia
Александар Поуп (роден на 21 мај 1688 во Лондон — починал на 30 мај 1744 во Лондон) — англиски поет од XVIII век, најпознат по неговите сатирични стихови и преводот на Хомер. Тој е третиот по ред најцитиран писател во Речникот на цитати на Оксфорд по Вилијам Шекспир и Алфред Тенисон.[3] Поуп е познат и по неговата употреба на херојскиот куплет.