Алиша Кис
From Wikipedia, the free encyclopedia
Алиша Аугело Кук (англиски: Alicia Augello Cook; родена на 25 јануари 1981 година),[1][2][3][4][5] попозната по нејзиното сценско име Алиша Кис, е американска артистка, музичарка и глумица. Таа е израсната од самохрана мајка во областа Хелс Кичен во Менхетен, Њујорк. На седум години, Кис започна да свири класична музика на пијано. Се школуваше во Професионално училиште за изведувачки уметности и матурираше на 16 години како првенец на генерација. Потоа се запиша на универзитетот Колумбија и се откажа од студирањето за да ја продолжи музичката кариера. Кис го издаде својот деби албум со J Records, иако претходно имаше договори за снимање со Columbia и потоа со Arista Records.
Алиша Кис | |
---|---|
Алиша Кис настапува на Tokyo Summer Sonic Festival, 10 август 2008 година | |
Животописни податоци | |
Родено име | Алиша Агуело Кук |
Познат(а) и како | Lellow |
Роден(а) | 25 јануари 1981(1981-01-25) (43 г.) |
Потекло | Њујорк Сити, Њујорк, САД |
Жанрови | R&B, соул, поп |
Занимања | пејач-текстописец, мулти-инструметалец, композитор, продуцент, глумица, режисер на музичко видео, автор, поет |
Инструменти | вокал, пијано, клавијатури, чело, синтисајзер, вокодер, гитара, бас гитара |
Период на активност | 1993–денес |
Издавачи | Columbia, Arista, J |
Мреж. место | aliciakeys.com |
Деби албумот на Кис, Songs in A Minor, беше комерцијален успех со продадени над 12 милиони копии низ светот. Таа стана најпродаваниот нов изведувач и најпродаван R&B изведувач за 2001 година. Албумот на Кис ѝ донесе пет Греми награди во 2002 година, како и наградите за „Најдобар нов изведувач“ и „Песна на годината“ за "Fallin'". Нејзиниот втор студиски албум, The Diary of Alicia Keys, беше издаден во 2003 година и имаше голем успех низ светот со 8 милиони продадени копии. Во 2005 година албумот на Кис и донесе уште четири Греми награди.[6] Подоцна, истата година, го издаде својот прв албум во живо, Unplugged , кој дебитираше на првото место во САД. Таа беше првиот женски изведувач чиј албум MTV Unplugged дебитираше на првото место уште од албумот на Нирвана во 1994 година.
Наредните години, Кис се појави во неколку телевизиски серии, започнувајќи со Волшебнички. Нејзиното прво појавување на игран филм беше во „Четирите асови“, а подоцна во 2007 година глумеше во „Дневниците на дадилката“. Нејзиниот трет студиски албум, As I Am, беше издаден истата година и се продаде во над 3 милиони копии низ светот што ѝ донесе на Кис уште три Греми награди. Наредната година таа се појави во „Тајниот живот на пчелите“ со што доби номинација на NAACP Image Awards. Во декември 2009 година го издаде нејзиниот четврти албум, The Element of Freedom, кој беше првиот нејзин албум кој се искачил високо на музичките листи во Велика Британија. За целата нејзина кариера, Кис доби многубројни награди и продаде преку 30 милиони албуми низ светот. Магазинот Билборд ја именуваше како најдобар R&B изведувач за декадата од 2000 – 2009 година[7] и најпродаваниот изведувач во нејзиното време. Во 2010 година, VH1 ја стави Кис на листата за „100 најдобри изведувачи на сите времиња“.[8]