Амфитеатар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Амфитеатар или театрон[1][2] — отворенo собиралиште кое било употребувано за вечерна забава или собиранка наменета за спортски игри и спортски активнсти. Терминот доаѓа од старогрчките зборови Старогрчки јазик ἀμφιθέατρον (амфитеатрон- амфитеатар),[3] и од ἀμφί (амфи), што значи "седиште за обајца, клупа за двајца, или едно седиште за двајца" или " околу "[4] и θέατρον (тхеатрон ), со значење "место за гледање- приредба".[5][6]
Античките Римските театри- амфитеати биле со овална или кружна форма, која повеќе им наликувала на јајцевидна форма, и биле опкружени со седишта околу централната арена за изведување, нешто како денешните отворени стадиони, или теренски игралишта. Спротивно од двете старогрчки јазик и Стар Рим театрите биле изградени во полукружна форма со седишта наредени на нивоа- на спратови наредени од едната страна од изведувачката сцена. Како резултат на ова во светот може да се најдат сцени со еднострани седишта за публика Кружни театри. Повеќето театри се наредени во природна формација на местоположбата, или самото место на кое се наоѓа театарот или театарската сцена. За три најголеми Римски амфитеатри (во оринална смисла) во светот по ред се Colosseum, Santa Maria Capua Vetere и Амфитеатарот на El Djem.[се бара извор]