Ангина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ангина (или ларинготрахеобронхитис) е респираторна состојба која обично е предизвикана од остра вирусна зараза на горните дишни патишта. Инфекцијата предизвикува оток во внатрешноста на грлото, кој го попречува нормалното дишење и предизвикува класични симптоми на „напад на кашлица“ кашлица, гребење и засипнатост. Тоа може да предизвика благи, умерени или тешки симптоми, кои често се влошуваат ноќе. Состојбата често се третира со една доза на орални стероиди; повремено, во потешки случаи, се користи епинефрин.Ретко кога е потребна хоспитализација.
Ангина | |
---|---|
The steeple sign as seen on an AP neck X-ray of a child with croup | |
Специјалност | Пулмонологија, Педијатрија |
Ангината се дијагностицира врз основа на клиничка слика, откако ќе се исклучат потенцијално посериозни причини за симптомите (т.е. епиглотитис или туѓо тело во дишните патишта ).Обично не се потребни понатамошни испитувања како на пример, испитувања на крвта, рендген, и култури. Состојбата е релативно честа, а влијае на околу 15% од децата, најчесто помеѓу 6 месеци и 5 -6 години. Речиси никогаш не е присутна кај тинејџери или кај возрасни. Порано се должела, главно на дифтерија, а сега оваа причина е од историско значење во западниот свет, поради успехот на вакцинацијата, како и подобрување на хигиената и животниот стандард.