Анжу
From Wikipedia, the free encyclopedia
Анжу (француски изговор: [ɑ̃ʒu]) е поранешна земја (c. 880), грофовија (1360) и провинција кај градот Анже во долниот дел на долината на Лоара во западниот дел на Франција. Во голем дел одговара на денешниот департман Мен и Лоара. Неговото старо латинско име е Андегавија.
Анжу | |||
---|---|---|---|
Земја | Франција | ||
Час. појас | CET | ||
Владетели | 870–98, Ингелгер 1480–81, Карло IV Анжујски |
Анжу како грофовство во историјата се појавува во 10 век, како последица на дислокација на каролиншкото кралство. За време на Каролинзите било под управа на гроф кој го застапувал францускиот крал. Ова грофовство било едно од најзначајните француски центри на моќ во текот на 11 и 12 век.
Областа потпаднала под контрола на англискиот крал Хенри II во 1152 кога тој се оженил со Еленор Аквитанска со што била формирана династијата Плантагенети и Анжујското царство.[1]
Во 1204, кралот на Франција Филип Август го зел под своја власт. Областа стекнала извесна независност за време на владеењето на кралот Свети Луј а потоа официјално се споила со кралството на Франција во 1481. На почетокот на Стогодишната војна, грофовијата Анжу прераснала во војводство.
Иако грофовијата повеќе не постои, терминот « Анжу » сè уште се користи за да се означи Мен и Лоара [2] ·[3].