Антена (латински: antenna, јадрен крст) – активен или пасивен електромагнетенуред или дел кој во склоп со некои електронски уреди (на пример, радио или радарскирадиопредаватели и приемници) ја претвора електромагнетната енергија, поврзана преку водови или брановоди, во просторен електромагнетен бран и обратно. Истото ефикасно се постигнува во одредено честотно подрачје за кое е наменета антената, па согласно тоа антените може да се поделат на „резонантни“ или „теснопојасни“ и „апериодни“ или „широкопојасни“. Обликот и изведбата на антената зависи од енергијата со која се побудува, а особено од брановата должина за која е проектирана.[1] Предавателната антена го претвора еднодимензионалниот бран од преносната структура (коаксијален кабел или брановод) во тридимензионален просторен бран, насочувајќи ја притоа енергијата во саканата насока. Приемната антена ја прима електромагнетната енергија зависно од јачината на електричното поле кое доаѓа до антената.
Столб со антени (радио, ТВ УВФ и МВФ, и сателитска)
Начин на работа на полубранова диполна антена која добива енергија од радиобранови. Електричното поле на брановите (E, зелени стрелки) ги потиснува електроните во антените назад и напред (црни стрелки), творејќи на краевите на антената позитивен и негативен електричен набој. Бидејќи должината на антената е половина од брановата должина на радиобрановите, таа предизвикува стојни бранови на електричниот напон(V, црвени ленти) и електрична струја во антената. Таа осцилирачка струја која тече напред и назад патува долу до преносната линија низ радиоприемникот (прикажан со електричен отпорникR). Треба да се напомене дека делувањето на антената е прикажано доста успорено заради подобар приказ. Полубрановиот Херцов дипол е основен составен дел на многу антени.
Електричен резонантен систем може да биде претставен, на пример, со сериски осцилирачки круг составен од идеална индуктивностL и идеален капацитетC, каде осцилирачкиот круг не содржи работни отпори кои би предизвикале губење на енергијата. Ако таков осцилирачки круг се побуди на осцилирање, низ струјниот круг ќе потече струја како одѕив на осцилирачкиот круг на побудата