Антиерменски чувства
From Wikipedia, the free encyclopedia
Антиерменски чувства, познато и како антиерменизам и ерменофобија — разновиден спектар на негативни чувства, омраза, стравови, одбивност, расизам, потсмев и/или предрасуди кон Ерменците, Ерменија и ерменската култура.
Историски гледано, антиерменизмот се манифестирал на неколку начини, почнувајќи од изразување на омраза или дискриминација кон поединечни Ерменци до организирани погроми од толпи или геноцид одобрен од државата. Забележителни случаи на прогон се: Хамидските масакри (1894-1897), масакрот во Адана (1909), Ерменскиот геноцид (1915), погромот во Сумгаит (1988) и Операцијата Прстен (1991).
Современиот антиерменизам често се состои од изразување на противење на акциите или постоењето на ерменска држава, агресивно негирање на ерменскиот геноцид или верување во ерменски заговор за фабрикување на историјата и манипулирање на јавното и политичкото мислење за политичка корист. [1] Антиерменизмот се манифестира и како вонсудско убивање или заплашување на луѓето од ерменско наследство и уништување на културни споменици.