Арпа[1] или суров оризоризовите зрна што се добиваат при жетвата на оризовата култура. Зрното од арпата е обвиткано со плевици, па истото не може да се користи за исхрана на луѓето.

Thumb
Арпа

Обработка на арпата

По жетвата арпата се обработува при што овој процес на обработка опфаќа чистење, сушење и лупење. За разлика од другите жита каде што зрната се мелат за брашно или сточна храна, оризовите зрна потребно е да останат цели за се добие ориз за консумација. При преработката на арпата се отстрануваат плевиците, обвивката на семето, површинскиот дел на ендоспермот и ембрионот, при што зрното треба да остане цело и неоштетено.

По лупењето следуваат уште неколку фази во обработката: одделување на лупениот од нелупениот ориз, белење, одделување на целите зрна од уфакот (кршените зрна), чистење на белиот ориз од камчиња и сортирање според бојата. Вака добиениот ориз се пакува и складира.

Трговски видови ориз

Интегрален ориз

Лупен, кафен, карго или интегрален ориз – ориз кај кој од зрната, со посебен технолошки процес се издвоени плевиците. Овој ориз има жолто-кафеава боја.

Бел ориз

За добивање бел ориз каргото се изложува на понатамошна обработка во машини за белење. При истото се врши отстранување на обвивката на плодот и семето, алеуронскиот слој и мал дел од ендоспермот. Значи бел ориз е лупено и белено зрно од кое со посебна постапка се издвоени ‘ртулецот и обвивките на зрното.

Витаминизиран ориз

Витаминизираниот ориз може да биде лупено или бело зрно добиено со посебна технолошка постапка со пареа и притисок. При оваа технологија арпата пред лупењето се подложува на третман со пареа и притисок при што витамините и минералните материи растворливи во вода со дифузија преминуваат од лушпата во зрното. Преку овој процес се губат мали количества на белковини и скроб, а се зголемува рандманот и содржината на витамините и минералните материи во зрното.

Глутинозен ориз

Глутинозниот ориз е зрно од специјален вариетет кое има бел и непроѕирен изглед (ендосперм). Зрната содржат амилопектин и по варењето имаат особина меѓусебно да се слепуваат.

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.