Асистивна технологија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Асистивна технологија — поширок термин што вклучува асистивни, адаптивни и рехабилитациони помагала за лицата со посебни потреби и исто така го вклучува процесот кој се користи во нивниот избор, лоцирање и нивното користење. Луѓето кои имаат попреченост често имаат тешкотии со самостојното вршење на активностите во дневното живеење, дури и со помош на друго лице. Како активности во секојдневното живеење се подразбираат лични потреби како подвижност, јадење, бањање, облекување и чешлање и други. Асистивната технологија ги ублажува ефектите од попреченоста кои ја лимитираат способноста да се вршат овие активности и ја промовира поголемата независност со тоа што им овозможува да ги извршуваат дневните активности кои претходно воопшто не можеле или имале потешкотии да ги вршат самостојно. Ова е на начин што ги подобруваат или менуваат претходните методи кои им помагале да ги вршат овие активности. На пример, количка за лица со посебни потреби овозможува независна подвижност за оние кои не можат да одат или или пак асистивни направи за јадење кои им помагаат сами да јадат. Како последица од асистивната технологија, лицата со попречености ја имаат можноста за полесно секојдневно живеење, зголемување на социјализација во општеството и поголема шанса за намалување на институционалните трошоци без значително да се зголемат личните трошоци.[1]